Спасени 11 рудари од рудник во Кина кои 14 дена беа под земја

Кинеските спасувачи извадија 11 рудари по 14 – дневна блокада. Како резултат на експлозија на 10 јануари во провинцијата Шандонг, 22 работници беа заробени на длабочина на околу 600 метри. Еден рудар е починат, додека за другите 10 сè уште не се знае. Повеќе од 600 луѓе работеа за да ги извлечат заробените рудари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.