Спасени 35 бегалци и мигранти во близина на грчкиот остров Хиос

Брод на Фронтекс што патролирал во Егејското море во рамките на европската операција „Посејдон 2019“, рано утрово лоцирал и спасил 35 бегалци и мигранти во близина на грчкиот остров Хиос, соопштија од грчката крајбрежна служба, jави дописничката на МИА од Атина.

Чамецот бил откриен во југоисточниот дел на островот што се наоѓа во близина на турското крајбрежје, а бегалците и мигрантите биле спасени и пренесени на пристаништето на Хиос.