Спасени 38-те рудари кои беа заробени под земја по експлозија во германски рудник

Спасени 38-те рудари кои беа заробени по експлозија во рудник за калиум во источна Германија, медиумите. Двајца рудари се повредени, а сите се извлечени од длабочина од околу 700 метри.

По експлозијата, рударите биле во безбеден сектор на рудникот во Тојтшентал, кој се наоѓа на околу 150 километри југозападно од Берлин, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Инаку Експлозијата се случила во 9 часот наутро во германската сојузна држава Саксонија.

Рудникот Тојтшентал, кој работи од почетокот на минатиот век, беше затворен во 1982 година, а во текот на изминатите 15 години површина од 14 квадратни километри е претворена во депонија за минерален отпад.

Претходно, рудникот бил наоѓалиште на калиум.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.