Спасени девет имигранти, за повеќе од 20 се трага

Малтешки и италијански бродови трагаат за околу 20 имигранти за кои се стравува дека се удавиле откако бродот на кој се наоѓале потонал на околу 500 километри југоисточно од Малта.

Операцијата за  потрага по исчезнатите започнала вчера откако еден трговски брод спасил двајца имигранти кои изјавиле дека на бродот имало вкупно 30, пренесува АП.

Италијанската крајбрежна служба спасила уште седум имигранти, меѓу кои и две деца кои биле однесени во Грција.

Голем број на имигранти во потрага за подобар живот по морски пат пристигнуваат од Либија во Европа.

Според ОН од почетокот на годинава околу 110 илјади луѓе се спречени во тој обид, а 1889 го изгубиле своот живот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.