Спасени сите патници од рускиот брод на Антарктикот

Сите 52 патници од рускиот туристички брод „Академик Шокалски“ во водите кај Антарктикот денеска се префрлени на сигурно на австралискиот брод „Аурора аустралис“, соопштија спасувачите.

Во текот на денот, агенциите јавија дека нема надеж дека патниците и екипажот од бродот денеска ќе бидат спасени, поради невремето одосно замрзнатиот дожд и ветер.

Но, сепак за среќа акцијата беше успешна и туристите и научниците од Австралија и Нов Зеланд од овој руски брод се префрлени во мали групи на австралискиот брод „Аурора аустралис“ кој се наоѓа недалеку од кинеските кршачи на мраз „Снежен змеј“.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.