Спасени три лица во последен момент од куќа во пламен во Карбинци

Три лица од кои две со тежок инвалидитет во последен момент се спасени од запалена куќа во Карбинци, по големиот пожар попладнето ја зафати оваа општина, објави ТВ Стар.

Пожарот избувнал во непосредна близина на првите куќи во селото, а очевидци во изјави за телевизијата, вината ја лоцираат во блиските електрични столбови.

Во пожарот целосно изгоре една викенд-куќа, а друга е опожарена. Зафатена е голема површина на земјоделско земјиште и култури.

Претходно, градоначалникот на Општина Карбинци, Јордан Насев, за МИА изјави дека е ангажирано месното население кое им помага на штипските пожарникари кои веднаш се јавиле и дошле на опожарениот дел.

Засега никој не коментира која е причината за овој голем пожар.

Инаку, ова е веќе трета голема огнена стихија во општина Карбинци за речиси еден месец. Претходно изгореа 300 хектари житни култури, овошни и лозови насади.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.