Спасено повредено лице пронајдено над селото Маловиште

По телефонска дојава од дежурната служба на СВР Битола до Дирекцијата за заштита и спасување на 31 октомври 2021 година е побарано спасување на повредено лице.

ДЗС, како што информира, веднаш пристапи кон мобилизација на Тимот за брз одговор за спасување од планина.

„Лицето беше пронајдено од другата страна на планината кон преспанскиот дел под манастирот Свети Спас над селото Маловиште. Пружена му е прва помош и со санитетско носило е транспортирано во ургентното одделение при клиничката болница на Битола. Лицето е во стабилна состојба и не е во животно загрижувачка состојба“, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.