На состанокот, како што информира Агенцијата за млади и спорт, ќе се потврди изборот на генерален секретар на РИКО, што се случи на вториот состанок на управниот одбор кој се одржа на 27 јануари годинава во Тирана.
Членовите на највисокиот орган на РИКО ќе дискутираат и за процедурата и јавниот повик за избор на заменик генерален секретар и членови на администрацијата, односно Секретаријатот на регионалната канцеларија со седиште во Тирана.
Состанокот во Берлин, како што се наведува во соопштението на АМС, е одлична можност да се даде дополнителен поттик на иницијативата, а владините и невладините претставници од шесте земји на Западен Балкан, како што е најавено, ќе имаат повеќе средби со владини претставници и членови на Бундестагот.