Спасевска: Додека чекаме известување од претседателот на Собранието, МОН експресно ќе дели средства на фирми и консултанти

Додека ние чекаме известување од претседателот на Собранието, Министерството за образование и наука во експресно време наумиле да делат средства на фирми и консултанти кои ќе работат на дизајн и развој на интерактивни дигитални образовни содржини, пишува на Фејсбук Драгана Спасевска иницијатор на фејсбук страната „Настава и учебници мора да има“ .

„Дали овие содржини ќе подлежат на стручно разгледување, рецензирање и потврдување за коректноста на содржините пред да се пуштат во употреба???

Кој ќе го прави тоа?

Дали има Закон за регулирање на подготовката, изработката и авторските права ?

Дали МОН смета дека е над законите?!“, прашува Спасевска.

Ова е огласот што го објави Министерството:

oglas 023-21

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.