Спасевска категорична: Министерката потфрли, самата платформа за електронски учебници не функционира

-Наставата започна, имаме настава, а тоа беше едно од нашите барања, меѓутоа не онаква каква што ние очекувавме. Уште во првите два дена наидовме на мноштво проблеми. Со тоа што учениците кои што веќе треба да се реализираат по новата концепција, односно дигитализација, самата платформа за електронски учебници не функционираше. Со што веќе наидуваме на дискриминација на четвртоодделенците и на нивните родители, истакна Драгана Спасевска од граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ на утринска емисија на Алфа телевизија.

Спасевска додаде дека четвртоодделенците го немаат тоа задоволство да го почувствуваат мирисот на учебникот, и колоритно да го доживеат.

-Самата платформа има многу проблеми при спуштање на учебниците. Меѓутоа и големиот проблем е тоа што на родителите не им се дава уред за да ги симнат тие учебници. Тука имаме двострана да речам дупла дискриминација. Како? Зошто на пример тие родители на четвртоодделенците да треба да ги купуваат учебниците во фотокопирници и книжари? Веќе приватни книжари и фотокопирници пуштаат рекламни содржини дека учебниците можат да им се испечатат во комплет за 1.200 денари, црно бели за 900 денари, појасни Спасевска.

Спасевска запраша нели образованието требаше да биде бесплатно по закон, каде е тој закон.