Спасов: Ова е криминално полициска местенка за моја лична дискредитација (ВИДЕО)

нова

Со едно смислено сценарио преку криминално полициска местенка сакаа да се нанесе штета врз мојот углед. МВР испрати партиско соопштение наместо полициски извештај за да ми наштети.

Ова го истакна Диме Спасов во своето гостување на ТВ Нова.

-Очекував транспарентна и правична истрага од страна на МВР раководено од СДСМ. Меѓутоа гледајќи го извештајот на МВР кој повеќе личи на партиско соопштение отколку на полициски извештај, може да се заклучи дека ова е обид за моја политичка и општествена дискредитација и дисквалификација. Ова е класична злоупотреба на една институција како МВР за остварување на политички цели. Ова е еден обид, едно смислено сценарио преку криминално полициска местенка да се нанесе штета врз мојот углед, истакна Спасов.

Тој потенцира дека за случувањата во петокот денес говори јавно зошто јавноста треба да ја дознае вистината. Не крие дека се соочил со тежок период.

-Се соочив со период на  навреди, клевети, големи лаги, манипулации, конструкции и местенки на мое име, истакна Спасов.

Погледнете го целото интервју:

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.