Спасов од „Рејтинг“ го мери рејтингот на СДСМ додека работи како администратор на нивната ФБ страница

Агенцијата „Рејтинг“ пред секои избори во Република Македонија објавува анкети во полза на СДСМ.

Колку и да им е на сите јасно дека народот нема доверба во Зоран Заев и СДСМ, оваа агенција во своите анкети ги претставува како политичар и партија во кои граѓаните веруваат. И сите изборни резултати ги побиваат анкетите на „Рејтинг“.

Сопственик на агенцијата е Никола Спасов. Во слободно време овој човек, очигледно, е администратор на Фејсбук страницата на СДСМ.

На Фејсбук страницата „Тесна кожа“ беше објавен и доказ за ова.

-Се прашуваме како тоа Никола Спасов сопственик на Agencija Rejting (која „транспарнтно“ го мери рејтингот на сите политичари во земјава) истовремено ја води и официјалната страна на СДСМ, пишуваат таму.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.