Спасов: Преку „Македонија вработува 2“ отворени се 2.960 работни места

Проектот  „Македонија вработува 2“ го дава очекуваниот резултат. Досега преку овој проект има  2.960 новоотворени работни места во околу 2.260 компании, изјави денеска дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика Диме Спасов.

– Очекуваме овој проект и во наредните некоклу месеци да продолжи да го зголемува бројот на отворени работни места,  да влијае на развојот на македонските компании особено со оглед на фактот што најголемиот број корисници на оваа мерка се малите компании со пет до десет вработени, да им помогне да го прошират бројот на вработени. Очекуваме тој да влијае и на намалување на невработеноста со оглед на фактот дека само за неколку месеци се отворени околу 3.000 нови работни места, рече Спасов при посетата ма општина Могила.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.