Спасовски: Амнестија нема да има

Министерот за внатрешни работи и подпретседател на СДСМ, Оливер Спасовски денеска во Гостивар на средба со граѓаните му одговори на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој рече дека ќе побара закон за амнестија за осудените за настаните од 27 април.

Сакам уште еднаш да истакнам за оние коишто деновиве заговараат некакви амнестии. Апсолутно не се боревме за амнестија на криминалот на никого, ние сакаме да има правда за сите, сакаме во едни транспарентни постапки секој да одговара за стореното.  Така што и од овде од Гостивар, упатувам порака дека амнестија нема да има за никого, никој нека не се надева на амнестија, секој нека се соочи со правдата за она што го направил, заради тоа што и тоа е европска вредност. Правда мора да има за сите, и да чекориме цврсто и храбро заеднички, без разлика на национална и на верска припадност во Република Македонија да исчекориме во тој европски пат, рече Спасовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.