Спасовски: Анализите покажуваат дека сега, во текот на затоплувањето на времето, би имале најнизок степен на ширење на коронавирусот

36

Претседателот на Владата на Република Македонија Оливер Спасовски, во емисија на ТВ Клан образложи дека кога се одлучи да се одложат изборите на 12-ти април, со Уредбата со законска сила изборните дејствија се ставија во мирување, но таа утврдува дека во оној момент кога ќе престане вонредната состојба од тој момент продолжуваат да течат изборните рокови и на тој начин се одредува датумот кога треба да се одржат изборите, а валидноста на оваа Уредба со законска сила ја потврди Уставниот Суд.

„Ние преку вонредната состојба носиме уредби со законска сила за да функционира државата во овие услови, но сега се поставува прашањето колку време треба да бидеме во вонредната состојба? Не смееме да си дозволиме да не ги комплетираме институциите на системот тогаш кога е најпогодно да бидат  комплетирани само заради што некој има поинаков партиски интерес и не сака да оди на избори во овој момент, сака да оди подоцна итн. Сите анализи покажуваат дека сега, во текот на затоплувањето на времето, би имале најнизок степен на ширење на корона вирусот додека после тоа е можно нов бран на епидемијата на есен, на зима“, истакна во емисијата на ТВ Клан премиерот Спасовски.

Нормалната состојба од пред пандемијата нема да се врати сега и нема да биде исто како што беше пред неа, рече Спасовски, и додаде дека треба да се навикнеме на нова состојба во која со строги протоколи ќе биде овозможено организирање и спроведување на кредибилен изборен процес.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.