Спасовски беше во Тетово на одбележувањето на 80 годишнината од формирањето на КПМ

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска присуствуваше на одбележувањето на јубилејни 80 години од формирањето на Комунистичка партија на Македонија во Тетово.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска присуствуваше на одбележувањето на јубилејни 80 години од формирањето на Комунистичка партија на Македонија во Тетово, во спомен куќата на семејството Јовановци, која е Меморијален музеј на ЦК на КПМ.

Обраќајќи се пред присутните, тој во свое и во име на МВР ја изрази почитта и благодарноста кон сите членови на Сојузот на борци од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија, честитајќи го денешниот голем јубилеј – 80 години од формирањето на централниот комитет на КПМ.

На крајот од настанот Спасовски положи цвеќе пред бистата на Јосип Броз Тито во дворното место на Спомен куќата на семејството Јовановци. притоа, тој ја посети и спомен собата каде е формирана Комунистичката партија на Македонија и избран нејзиниот Централен комитет, при што се потпиша во книгата за впечатоци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.