Спасовски е првиот кој направи коалиција со криминалот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во интервјуто за „Економски магазин“ посочи дека никој од Спасовски не барал да направи промени во систематизација, и срамота е три дена пред примопредавање на неговиот кабинет тој да ја изврши промената на систематизацијата.

„На што личи на три дена пред да речеме да се примопредаде кабинетот на министерството за внатрешни работи да се менува систематизацијата и да се доделуваат 100-тици решенија на луѓе кои што во тоа време се прогласени за неподобни на оваа власт. На што личи? Значи не се тие оценети како непрофесионални, згрешиле при работењето, згрешиле во службата туку едноставно се оценети дека се неподобни за СДСМ. И се даваат решенија не знам од Македонски Брод за Дебар, од Дебар во Струмица, од Струмица во Струга, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека не е нормално на 4 дена пред примопредавање на кабинетот на министерот за МВР да се менува систематизација. Тоа го нема никаде.

„Едноставно техничкиот министер само вели луѓе ако навистина требало оваа систематизација, а не гледам причина зошто би требала, ниту некој го бара тоа од нас, ниту такви реформи се бараат од нас. Тоа можело да се направи многу порано. Сега е период на техничка влада едноставно сакам работите да ги работам како што треба“, образложи Мицкоски.

Мицкоски појасни дека ова е само партиска пресметка, а претходно се осврна и на процесот на промена на името и идентитетот. При тоа тој се осврна на два моменти.

Првиот дел е оној суштинскиот. Тоа е дека власта со нејзиното политичко функционирање, или владата и Зоран Заев и луѓето околу него функционираа на една основа, го украдоа името, го украдоа презимето, го понижија идентитетот, ја уништија гордоста и достоинсвтото на граѓаните во Македонија, посочи Мицкоски. Според него Македонија никогаш не била во полоша ситуација.

Втората работа е пљачка криминал и корупција. Тоа е политичкото функционирање на оваа владеачка гарнитура. Затоа велам дека Македонија никогаш не била во полоша ситуација, рече Мицкоски.

Оттука поради овие работи, според него е многу јасно дека на престојните избори во април ќе загубат и ќе следи обнова на Македонија. Мицкоски посочи дека Оливер Спасовски во време на своето министерување само успеа да направи коалиција со криминалот и подземјето.

А, на кој единствена задача беше да се занимава со гребен автомобил од мачки. Ако навистина беше потреба промена на систематизација немаше со себе Оливер Спасовски да си земе 25 возила кои што припаѓаат на граѓаните. Човекот кој што најголемо достигнување му беше да покаже во јавноста автомобилот изгребан од мачки. Каде што во државата цути криминалот, човекот кој што прв направи коалиција со криминалот зборува за возилата, зборува за безбедноста“, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека за сите неправилности и неправди на Спасовски сведочат луѓето коишто работат во МВР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.