Спасовски ги казнува луѓето кои обезбедија докази за поткупот на Заев и Фабриката на Чауш

Станува збор за началниците на одделите за организиран криминал и прикриени операции. Се менуваат и уште 7 началници на регионалните сектори за внатрешни работи како и командантот на Алфите.

Со овие смени, техничкиот министер од редовите на СДСМ ги враќа кадрите кои беа на овие позиции и во претходниот негов мандат иако за дел од нив, беше утврдено дека се незаконски поставени спротивно на системот за кариера на МВР за што имаше и соодветни пријави.

Вработени во МВР велат дека овие кадри му ги донеле најлошите 8 месеци на Министерството. Не била спроведена буквално ниту една акција а се паметат невидените бламажи кога сите специјалци и цела техника на МВР беше крената за на крајот Спасовски да каже дека патролира на терен. За споменување е и нелегалното приведување на единствениот македонски градоначалник во Албанија, Едмонд Темелко, а началникот кој ја издаде наредбата повторно се враќа во својата фотелја.

Од денеска нови функции во МВР добиваат Горан Трајановски кој од Бихаќка се сели неколку улици погоре во МВР. Ќе биде помошник министер на одделот за информатика и телекомуникации.

Горан Трајановски

Кирил Митиќ станува началник на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во Централните полициски служби во Бирото за јавна безбедност.

Кирил Митиќ
Кирил Митиќ

Драган Симоновски ќе биде началник на Секторот за прикриени операции во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во Централните  полициски служби во Бирото за јавна безбедност.

Лазо Велковски кој стана познат како првиот човек во светот кој пријави обид за атентат со пластично шише ќе биде началник на СВР Скопје. На Бихаќка е познат и како телохранител на Шеќеринска.

Примислав Димовски, против кого се водеше постапка затоа што незаконски ослободил приведено лице станува нов началник на Алфите.

Танчо Пројковски ќе биде началник на СВР Струмица.

viberimage-1
Нејасно е каде продолжуваат заедно еден политичар и полициски службеник. На фотографијата на маса со Спасовски покрај Танчо Пројковски е и Драган Симоновски

Во СВР Велес од денеска нов началник ќе биде Злате Јаневски.

Славко Јовановски ќе стане нов началник на СВР Битола, додека во СВР Охрид Спасовски го поставува Сашо Смилевски.

Љупчо Трајковски станува началник на СВР Штип, а Стојанче Величковиќ прави „вселенски“ скок во кариерата напредувајќи од обичен полицаец во полициска станица до началник на СВР Куманово.

Интересно, но професорот Пивоваров извиси во целиот бран смени. Дали Спасовски е незадоволен од неговата експертиза се уште нема информации.

Превземено од: Курир