Спасовски: Хронично болните и родителите со деца под 10 години се ослободени од работа

Владината одлука од 57-ма седница за враќање на работа од први јуни не важи за хронично болните и за родителите кои имаат деца на возраст до 10 години, или деца на претшколска возраст, соопшти премиерот Оливер Спасоваки.

– Според одлуката на Владата, од Први јуни годинава престануваат да важат заклучоците со кои различни категории вработени лица се ослободени по различни основи од редовно и тековно извршување на работните активности, како што се упатување за работа од дома, патување за работа кон градот Скопје, организирање на работниот процес со ротации и другите слични мерки и препораки. Оваа одлука ќе биде придружена со соодветен протокол за работа, дејствување и однесување на работно место кој се однесува на просторните услови, физичкото растојание во работните и другите простории, носењето лична заштитна опрема и слично- напиша Спасовски на фејсбук.