Спасовски и Заев недопирливи за Обвинителството

Истрагите за изборни измами во кои се вклучени Оливер Спасовски и Вице Заев се однесуваат на изборите во 2014 и 2016 година. На повеќе локации во Куманово и Струмица овие двајца осомничени со користење на посебни истражни мерки се фатени во поткуп при избори и гласање на Роми во Турското Маало во Струмица, како и низ повеќе места во Куманово.

Двајцата преку локални партиски активисти, но и полициски началници (во Куманово) координирале во распределба на финансиски средства и огревно дрво на лица со ниски примања, со цел нивно гласање за политичката партија СДСМ.

Во еден наврат на една од снимките Оливер Спасовски во 2016 година му наредува на началникот на СВР Куманово, Стојанче Величковиќ, веднаш да ослободи лице кое делело огревно дрво за СДСМ и во слични случаи да не постапува, а доколу на терен забележи какви било други предизборни активности на противникот, за тоа веднаш да реагира и да постапува.

На дел од извештаите пак во Струмица, забележано е дека во повеќе наврати Вице Заев за време на изборниот молк во 2016 година оди во Турското Маало во Струмица, со цел да подели финансиски средства на ромското население, кое потоа јавно реагирало за начинот на постапување на братот на тогашниот градоначалник Зоран Заев.

По доаѓањето на Агим Нухиу за министер за внатрешни работи, тој одбива да ги декласифицира и да ги потпише како овластено лице извештаите од користењето на посебните истражни мерки за овие две лица, со цел да не бидат испратени до надлежното Основни Јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал.
Иако надлежниот обвинител во овој случај, по доаѓањето на власт на СДСМ и назначувањето на Љубомир Јовески за Јавен Обвинител е тргнат од оваа позиција, сепак во обвинителството стои целата содржина на истражната постапка, со исклучок на последните извештаи од ПИ мерки кои останаа во МВР односно во Петтата Управа како тогашна и се’ уште надлежна за примена на овие мерки.

Дали на сегашниот министер за внатрешни работи му станале достапни овие извештаи останува нејасно и спорно особено поради фактот што веќе за сличен кривично правен настан неговиот советник беше ослободен од кривична одговорност токму од сегашното јавно обвинителство?

Обвинителство заглави со истрагите за Вице Заев и Оливер Спасовски за изборни измами

Сосема сигурно е дека Спасовски нема никогаш додека е министер да ги декласифицира извештаите за изборни нерегуларности во кои е вклучен самиот тој со братот на сегашниот премиер, со цел да не бидат употребени во понатамошна постапка.