Спасовски испратил предлог во Собрание за разрешување на Мизрахи

Премиерот Оливер Спасовски до Собранието испратил предлогот за смена на Рашела Мизрахи.

Техничката министерка Мизрахи вчера посочи дека ако треба ќе плати казна ама табла со името Северна Македонија нема да постави во министерството.

„За сè можеме да правиме компромис и да разговараме, но за непочитување на Уставот и законите нема компромиси, истакна денеска Спасовски.

Претходно, разрешување и реакција побара и шефот на дипломатијата Никола Димитров, а Коѕијас пак најави дека владата на Нова демократија ќе бара на Мизрахи да и се забрани влез во земјите на Европската унија.

За сè можеме да правиме компромис и да разговараме, но за непочитување на Уставот и законите нема компромиси, истакна денеска премиерот Оливер Спасовски, кој рече дека веќе презел чекори во однос на постапката на техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи во врска со таблата во Министерството со кое таа раководи – доставил предлог до Собранието за нејзинот разрешување.