Спасовски: Казнети се сите кои беа сликани, а мојот заменик е казнет и затоа носи маска

Министерот Оливер Спасовски рече дека неговиот заменик Назим Буши е казнет и затоа носи маска, одговарајќи на новинарско прашање за прославата на роденденот на лидерот Али Ахмети во Министерството за политички систем на која се виде дека никој не носи маска.

– Јас ќе одговорам. Тој е казнет и затоа сега носи маска. Да не беше казнет, немаше да носи маска. И казнети се сите тие кои беа на таа маса. Без разлика дали станува збор за функционери или други лица. Тоа покажува дека прописите и законите важат за сите – рече Спасовски.

Тој додаде дека Обвинителството треба да одлучи дали има кривично дело, а најави и вонреден инспекциски надзор.