Спасовски: Колку побрзо се стави под контрола вирусот, толку подобро ќе биде и за економијата

19

Врвен приоритет на Владата е здравјето и животот на граѓаните и затоа голем дел од ресурсите ги насочуваме кон заштита на луѓето и намалување на ризикот од ширење на вирусот и на тој начин да бидеме поефикасни во делот на економијата, бидејќи колку побрзо ќе се стави под контрола, толку подобро ќе биде и за делот на економијата, изјави вечерва премиерот Оливер Спасовски.

– Одлуката за 200 милиони евра е стратешка одлука на Владата, а во една криза како оваа секако дека, по здравствената многу важна и економската страна, посочи Спасовски на гостувањето на ТВ Телма.

Вториот сет на мерки, посочи тој, се за помош на реалниот сектор и на економијата, бидејќи е важно по завршување на кризата економијата да продолжи да функционира, но не ја исклучува можноста дека треба да има и дополнителни мерки.

– Во тој дел се насочени и овие мерки. Да помогнеме на работниците, да помогнеме на работодавачите и на тој начин да си помогнеме и самите на себе, како граѓани генерално, нагласи Спасовски.

Тој посочи дека реакции и критики имало и ќе има, но сетот на мерките што денеска беа претставени нуди предвидливост и директна помош за компаниите да ги задржат работниците и да се оддржат во следните два месеци.

– Веројатно нема да бидат доволни овие пакет на мерки и ќе има потреба од носење на нови мерки. Ние како Влада сме сосема на чисто дека ќе го правиме во наредниот период. Објавивме прв сет на мерки и тогаш имаше реакции, па ги користат тие што најмногу им се потребни. Сега имаме втор сет на мерки, што сметаме дека ќе помогне во голема мера. Не исклучуваме дека треба да има и дополнителни мерки што уште повеќе ќе помогнат во делот на економијата, но притоа да не го занемариме здравството, здравјето и животот на граѓаните, изјави Спасовски гостувајќи на Топ Тема на телевизија Телма.

Ако има потреба од дополнителни мерки, посочи тој, согласно анализите и проценките во институциите владата ќе преземе мерки.

– Овие мерки се однесуваат за следните два месеци, под претпоставка дека ќе има намалување на здравствената криза и врз основа на тоа полека да почне да работи и економијата. Доколку тоа не се случува, тогаш ќе мора да имаме и нов сет на мерки. Владата е тука и ќе преземе се што треба, навремено за сите заедно да си помогнеме, изјави Спасовски.

Тој додаде дека во првиот сет еконосми мерки беа понудени бескаматни кредити, кои можат да ги користат за овој месец, но и компаниите треба да сносат дел од товарот, предизвикан со здравствената криза со коронавирусот, а здравјето на граѓаните е најважно.

– Оваа криза здравствена пред се секако дека има ефекти врз економијата и тие една со друга се детерминирани, вие знаете дека наш став како влада е дека врвен приоритет е здравјето и животот на граѓаните, јас не верувам дека има човек во државата што пред здравјето и животот на граѓаните ќе стави било што друго и затоа гоелм дел од ресурсите ги насочуваме кон оваа цел се со цел да заштитат луѓето, да ги споделиме сите мерки кои што можат да допринесат до намалување на ризикот од ширење на вирусот и секако на тој начин да бидеме по ефикасни и во делот на економијата, додаде Спасовски.

Тој најави дека еден дел од уредбите ќе бидат донесени уште утре, пред се оваа уредба која што се однесува на минималната плата, уредбите за занаетичиите, значи фризерите, автомеханичари итн, сите тие уредби ќе бидат донесени и таму детално ќе биде разработено исто така и преку ресорните министерства ќе ги искомуницираме со сите компании се со цел да можат и подобро и полесно да аплицираат за овие мерки.

– Уредбите за помош на граѓаните кои работат во малопродажбата и занаетчиите ќе бидат донесени утре. Токму овие мерки помагаат на малите компании, да ги сочуваме работните места и да продолжат да функционираат овие компании, истакна премиерот Спасовски.

Тој информира дека уредбите за помош на граѓаните кои работат како фризери, автомеханичари, малопродажба, ќе бидат донесени утре со цел да можат да аплицираат и тие.

– Преку секојдневната комуникација со банкарскиот сектор и Народната банка донесовме заедничко решение секоја од банките да ги оддложи плаќањата на кредитите на физичките и правните лица. А за една држава многу е важна ликвидноста на банките. Кај нас банкарскиот сектор е здрав и затоа и можеме да се потпреме на него, истакна Спасовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.