Спасовски: Мизрахи намерно и свесно го прекрши Уставот и затоа барам нејзино разрешување

Се одлучив да побарам разрешување на министерката за труд поради серија јавни настапи на кои Мизрахи го прекрши Уставот. Таа не го коригираше своето однесување и затоа предложив нејзино разрешување, рече премиерот Оливер Спасовски во образложението за разрешување на министерката за труд.

– Неизбежен е впечатокот дека министерката Мизрахи намерно и свесно го прекрши Уставоот и во ризик ги стави односите со Грција. Мизрахи ја злоупотреби функцијата во партиски цели. Министерката кога беше избрана се заколна дека своите обврски ќе ги извршува во согласност со Уставот. Како последици кои морам да ги спречам поднесов предлог таа да биде разрешена. Не можам да дозволам да го загрозува Договорот. Одговоноста за спроведување на изборите е и на опозицијата. Ако побаравте техничка влада тогаш треба одговорно да се однесувате а не да правите хаос – рече Спасовски.