Спасовски најави реконструкција на објекти на МВР

Реформските процеси во рамките на МВР што беа прекинати изминатите девет месеци поради техничката влада и изборниот процес мора да продолжат, во насока на јакнење на структурите на полицијата преку подобрување на условите за работа. Секако тоа зависи од можностите на државата, но капиталните инвестиции мора да се спроведат. Мој врвен приоритет во наредниот мандат ќе биде обезбедување сериозна поддршка за македонската полиција. Тоа денеска од Охрид го порача министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој ги отвори традиционалните 17. Спортски игри на полициските сили организирани од Македонскиот полициски синдикат.

-Имаме објекти што не се реконструирани и по 70 години. Заврши постапката за избор на компанија што ќе продолжи со реконструкција на објектите по приоритети, како Крива Паланка, Куманово, Гевгелија итн. Во подготовка е проект за нова полициска станица во Аеродром, а пред одлука сме дали ќе се реконструрира или гради нов објект за полициска станица Бутел. Со ИПА проекти завршуваме со ИКТ центарот во Прилеп, со што ќе се сертифицираме како лабараторија за крим-техника, како и изградба на нов центар за странци. Тоа се капитални проекти –  рече Спасовски.

Тој рече дека ќе продолжи поддршка на македонската полиција.

Спасовски изрази задоволство од начинот на кој се остварува соработката со Македонскиот полициски синдикат, како начин за уште подобра заштита на интересите и правата на вработените во службата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.