Спасовски на чело на МВР: Скандал до скандал, хаос и промашени акции

Пресконференција по пресконференција, скандал до скандал, многу најави и дневнопартиска политика, ниту една  разврска на нарачаните случаи од ”Фабриката за афери на СДСМ”, кои служеа само за две работи:  Уништување на угледот на државата во очите на меѓународните партнери и оштетување на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ со креирани афери и измислици, пишува „Курир“.

Оливер Спасовски „кариерата“ во МВР ја почна со хаос, во  само една минута им ги одзеде сите овластувањата на сите вработени во министерството, со што државата ја парализираше и ја стави на мета за секаков вид на опасност.

Измислени афери и обиди за замајување на јавноста

fokus-za-fabrikata-za-aferi-640x357

30.000 ЛАЖНИ ЛИЧНИ КАРТИ ЗА ПОБЕДА НА ИЗБОРИ! Беше насловот на ”Фокус” , продукт на ”Фабриката за афери на СДСМ” , кој Спасовски го тераше како целосна вистина и огромен  скандал со кој наводно власта ги фалсификувала изборите. „Аферата 30,000 лажни лични карти“ , СДСМ не успеа успешно да ја продаде, па истата заврши со целосно откривање на центарот за сите фабрикации на  СДСМ „работилницата“ на Захир Бекири – Чауш, човек кој е дел од структурите на СДСМ и многу близок со Заев, со кој се наоѓаат во блиска роднинска релација, како што обзнани новинарот Васко Ефтов. Според информациите кои тогаш ги објавија медиумите, тој заедно со повеќе лица бил задолжен да креира лажни афери со цел намалување на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и оцрнување на партиските функционери.

Со откривањето на Чауш и заплената од страна на ЈО и Полицијата на сите материјали и машини за производство, паниката во СДСМ ескалираше , па Зоран Заев во телевизиско гостување призна се : ”Ќе ги дадам сите одговори, тој е член на СДСМ и тој е сликан во канцеларијата моја во која што работам, нема бегање од таа работа, ниту пак некој се плаши”.

Понатаму истрагата утврди дека Оливер Спасовски бил во целосна комуникација со Чауш во текот на апсењето.

caus-oliver-640x356

Партијата=државата, непотизам од невидени размери

Оливер Спасовски на дело покажа дека СДСМ е синоним за непотизам, Спасовски на 30 Декември минатата година противправно унапреди 10-тина вработени во МВР  блиски до СДСМ, меѓу кои и сопругот на Фросина Ременски, Јовче Ременски за 4 нивоа без никаков основ, комплетно уривајќи го системот на  кариера во МВР.

Спасовски во МВР го згрижи и Едмнонд  Адеми, долгогодишен член на ЦО на СДСМ, кој на јавноста и стана познат по своите ставови напишани на својот фејсбук профил: ”Дур не се пролее крв по улици, ниту режим паѓа, ниту слобода се стекнува”!  Покажувајки на дело за што се залага СДСМ и Оливер Спасовски и како тоа тие функционираат во МВР.

Меѓународен скандал и срам за Македонија

На  14 Јануари оваа година Опозициските медиуми осамнаа со наслови како: ”Спасовски: Откриени 70,000 формулари за дупликат возачки дозволи” и  ”Преку фалсификат возачки дозволи до голем профит”, беа дел од насловите кои имаа за цел претсавување дека ВМРО-ДПМНЕ има направено наводен криминал. Ваквата магла бргу се крена и за само неколку дена следуваше реакција од германската фирма ”Веридос”  и објаснување  дека МВР на Спасовски знаело дека станува  збор за грешка уште на 22 Декември кога и директорот на германската компанија и се има извинето на МВР за возачките со грешни сериски броеви цели 20 дена пред Спасовски од тоа да прави ”скандал” , по ваквиот дегутантен однос на Спасовски, германски Веридос се закани дека ако во иднина се продолжи со клевети против нив, ќе поведат соодветен судски спор, ова значеше крај за воајерството на Спасовски наречено фалсификат возачки дозволи, кој повеќе не се осмели  да искоментира било што во врска со аферата која истиот ја изрежира.

Неефективноста на МВР под палката на Спасовски и неможноста за  обезбедување на јавниот ред и мир се покажа на дело во Бутел, кога на полицијата не и беше дадено соодветна наредба да се справи со насилниците кои го окупираа местото каде требаше да се изгради 55 метарски крст и недозволија изградба на истиот. По ова следеа масовни протести пред МВР и барање на граѓаните Спасовски да си поднесе оставка, на што Спасовски остана глув.

Врв на партизираноста и непрофесионализмот на Спасовски кулминираше  на 6 Април кога Спасовски, одби да им ги потпише договорите за работа на питомците  од генерацијата 2015/2016, понижувајки го нивниот труд и дело и  деградирајки им ја поминатата  едногодишна обука, после која им следуваат договори за работа во МВР. На ваквиот однос на Спасовски следуваше остра реакција од питомците кои организираа и протест, со цел исполнување на нивното барање. Барањето не беше исполнето од Спасовски, но истото го исполни новиот министер во МВР, Митко Чавков.

170.000 евра за промашена акција

Над 170.000 евра ги чинеше граѓаните неуспешната полициска акција која во април годинава ја водеше тогашниот и сега реизбран технички министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Без да уапси ниту едно лице, Спасовски според информациите до кои дојдоа медиумите ангажирал 1495 полициски службеници кои за потребите на акцијата реализирале 32.226 работни часови, за што граѓаните платиле 130.684 евра. За храна за полициските службеници, поради промашената акција на Спасовски, граѓаните платиле 21.359 евра за вкупно 4.400 оброци. Додека за ангажирање на полициските транспортни хеликоптери, Спасовски од касата на МВР одвоил 22.000 евра.

4-2 3-1 2-1 1-1

Многу скандали, хаос и промашени акции, за жал МВР и Македонија ќе мораат сето ова уште еднаш да го поминат, до изборите во Декември, кои повеќе од сигурно ќе резултираат со црвен картон за СДСМ.