Спасовски на средба со Рашков во Софија

Бугарскиот министер за внатрешни работи Бојко Рашков изутринава го пречека македонскиот колега Оливер Спасовски, кој заедно со делегација на МВР е во посета на Бугарија.

Рашков му искажа добредојде на Спасовски на влезот во Министерството за внатрешни работи на Бугарија, јави дописникот на МИА од Софија.

Рашков рече дека посетата на Спасовски на Бугарија е навремена, со оглед на претстојното започнување на евроинтегративните процеси на Северна Македонија.

Двајцата министри и делегацииите ќе имаат билатерална средба, по што ќе присуствуваат на заедничка вежба на спедијалните полициски единици на двете земји.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.