Спасовски: Некои мерки се радикални, но се неопходни, Владата ќе му помогне на бизнис секторот

Владата ќе преземе чекори за помош на економијата која е под удар на сегашната сотојба со коронавирусот, изјави премиерот Оливер Спасовки во вечарешаното он лајн интервју.

– Оваа состојба е удар и врз економијата и врз целото општество и не е ограничена само на нашата земја. Здравјето и животот на луѓето се над се и пред се и немаат цена. Паралелно со грижата за животот и здравјето на граѓаните, што е врвен приоритет, работиме и на сите други аспекти од општественото живеење, пред се на економијата. Некои мерки се радикални, но се неопходни за да се побрзо да се превенира ширењето на вирусот, кажа Спасовски.

Посочи дека се прават напори за зачувување на економијата и се подготвуваат низа мерки за директна помош.

– Имавме средби со коморите, со гувернерот на Народната банка, за да се согледаат фискалните импликации и да се понудат конкретни мерки, кажа Спасовски.

Како најпогодени сектори ги наведе транспортот, туризмот и угостителството. Најави дека од утре економскиот тим на Владата ќе преземе конкретни чекори со точно дефинирани временски периоди за помош на бизнис секторот.