Спасовски: Официјални разговори со опозицијата нема

Техничкиот премиер Оливер Спасовски во „Отвореното студио“ на ТВ 24 на говореше за начинот на кој би се одвивале изборите.

„Изборите ќе се организираат согласно протоколите, со внимание од сите нас ќе имаме успешен и мирен изборен процес. Ние секогаш кога носевме одлуки во изминатиот период тоа беше врз основа на лекарските препораки и внимававме на здравјето. Така ќе и биде и во иднина, се што ќе одлучиме во врска со изборите ќе биде врз основа на лекарските мислења“, вели Спасовски.

Има и алтернативни мерки за организирање на изборите, односно како ќе оди промовирањето на програмата на партиите. Доколку не стивне новиот бран, премиерот рече дека ќе ја следат ситуацијата и врз основа на тоа ќе реагираат. Мицкоски изјави дека нема да оди на избори ако не стивне бројката.

„За нас е многу важно да имаме функционални институции. Сега не работи парламентот и немаме можност да носиме законски одлуки. Имаме недостаток од извршна контрола на парламентарната власт. Мислам дека сите политички партии ќе си направат сопствена анализа и ќе учествуваат на изборите. СДСМ не бега од било каква комуникација со опозицијата. Во секој момент комуникација може да има и да се разговара за сите взаемни интереси, официјални разговори нема“, рече Спасовски.

Смета дека е најдобро е имаме учество на опозицијата на изборите и секој од нив треба да знае да се штити интересот и здравјето на граѓаните. Смета дека нема потреба од воведување на нова вонредна состојба.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.