Спасовски партиски ажурира, а од општинските на СДСМ ги стројат вработените по партиски клуч

Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување емисијата 24 Анализа зборуваше за тоа дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оди по градовите низ целата држава и прави ажурирање на членовите на СДСМ.
Имено Лефков во своето гостување ја запраша Славјанка Петровска дали по општинските организации се јавуваат да ги ажурираат сите они кои се вработени со помош на СДСМ и таа го потврди тоа.

-Им се јавуваат и ги потсетуваат и тоа е во рамките на нормалното фукционирање, рече Славјанка.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Лефков понатаму посочи дека додека владее пандемија во државата од КОВИД-19, а Македонија сѐ уште мака мачи со набавката на вакцини за власта поважно е ажурирањето на нивните членови.

-Партиските кадри на СДСМ наместо да бројот ажурирани членови, требаше да бројот колку поголем број на вакцини ќе им обезбедат на своите граѓани, додаде Лефков во своето гостување.