Спасовски поднесе оставка од потпретседател на СДСМ

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски поднесе оставка од функцијата потпретседател на СДСМ, објави ТВ21, во чие студио пред некој ден министерот веќе посочи дека не треба да биде дел од новиот тим на СДСМ.
Седница на Централниот одбор на СДСМ ќе се одржи вечер со  почетокот во 19 часот во седиштето на партијата.

Како што информираат од прес-службата на СДСМ, седниците на Централниот одбор се работни. За заклучоците и одлуките на ЦО, ќе информираат по завршување на седницата за што медиумите ќе бидат дополнително информирани.
Се очекува на Централниот одбор на СДСМ новиот лидер на партијата Димитар Ковачевски и официјално да биде потврден како кандидат за нов премиер. На седницата на ЦО треба да се гласа и за избор на нови потпретседатели, генерален секретар и Извршен одбор на СДСМ, но не и за министерските функции во новиот владин кабинет.