Спасовски: Последните исчезнати лица за жал се самоубиле, не ширете лажни вести за наводни киднапирања

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, најостро ги демантира дезинформациите во кои се злоупотребуваат актуелните случаи за исчезнати лица.

Категорично ги демантирам најочигледните лаги. За жал последните случаи на исчезнати лица завршиле со самоубиство, информираше Спасовски.

Тој рече дека не се точни информациуте дека се зголемува бројот на исчезнати лица. Во 2018 биле регистрирани 380 исчезнати лица, а во 2015 дури 574. Но, МВР во 94 проценти од случаите потрагите ги завршува успешно.

МВР е транспарентна институција. Во билтените редовно се објавува сѐ што се случува. Секој граѓанин може да ја провери информацијата која се објавува. Граѓаните да ги проверуваат информациите и да не придонесуваат за ширење на паник во јавноста, вели Спасовски.

 

,,Ги уверувам сите родители што се соочуваат со ваква трагедија, дека секогаш ги водиме со голема посветеност’-рече тој на прес конференција.

Не ширете лажни приказни за трговија со човечки органи, апелира Спасовски.

Пред неколку дена во Нерези бше пронајдено безживотното тело на 35 годишниот Горан Атансаовски.

Само еден ден потоа во Волково беше пронајдено тело на 29 годишна жена.