Спасовски: Пред нас се многу сериозни избори

Пред нас се многу сериозни избори, на коишто избираме сигурна иднина во интерес на заштитата на јавното здравје, брза развојна економија и европски перспективи, порача техничкиот премиер и носител во ИЕ 2, Оливер Спасовски.

Тој истакна дека за три години обновени се 30 јавно-здравствени установи во земјава.

„Во ИЕ 2, Куманово доби нов Ургентен центар со можност за опслужување 200.000 пациенти од североисточниот регион на државата, инвестиција од 900.000 евра. Пуштивме во работа нов Ургентен центар во Прилеп, иницијатива што постоеше цели 15 години, Струмица, по 33 години доби нова општа болница, по 50 години, целосно се реновира Институтот за трансфузиона медицина. Ги покачивме платите на лекарите и медицинскиот персонал. И ќе продолжиме со вработувања лекари и медицински сестри во јавното здравство, кое веќе го зајакнавме со 780 лекари и 1.000 медицински сестри“, порача Спасовски.

Тој најави дека Скопје добива нов Клинички центар. Охрид, Тетово и Струмица добиваат модерни регионални здравствени центри а најави и воведување на целосно електронско здавство, без користење хартиени форми на документи.