Спасовски: Продуктивна средба со поранешниот хрватски преговарач Дробњак

Продуктивна средба со поранешниот хрватски преговарач, Владимир Дробњак кој со својата експертиза ќе придонесе во овој за нас клучен момент, преговорите со ЕУ, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на својот фејсбук профил.

– Посветени сме на исполнување на целта и сите позитивни искуства од преговарачкиот процес се од големо значење за нашата заложба и намера да обезбедиме квалитетна и ефикасна преговарачка структура која ќе може да се носи со сите предизвици. Верувам во капацитетот на институциите, и нивната подготвеност да дадат максимум во овој процес, објави Спасовски на фејсбук.