Спасовски: Првата ноќ помина мирно во Дебар и Центар Жупа, се почитуваа препораките

39

Премиерот Оливер Спасовски на денешната прес конференција ја информираше јавноста за последните податоци поврзани со корона вирусот. Тој истакна дека жителите на Дебар и Центар Жупа ги почитуваат препораките за органичено движење.

 -Сите граѓани се со мислите и срцата со граѓаните од Дебар и Центар Жупа. Сите институции и вработените, ги организираат сите мерки од Акцискиот план и се на терен. Првата ноќ минала мирно, без инциденти и без движење, тоа е добро. Најважно е граѓаните на таков начин да го дадат својот придонес, рече Спасовски.

Тој појасни дека е формиран кризен штаб кој превзема мерки за спречување на ширењето на корона вирусот, по што им се обрати на овие жители.

-Бидете уверени дека е ова најдоброто решение кое најбрзо ќе даде резултати. Ве замолувам да нема паника. Заедно со вашите први луѓе, градочалниците, во општината ќе ги добиете најдобрите здравствени мерки. Ќе функционираат продавниците, бензиските, аптеките. банките и поштите ќе работат со скратено работно време, рече Спасовски, појаснувајќи дека кризната состојба ќе трае 30 дена.

Спасовски појасни дека овие жители ќе можат да ги напуштат општините само доколку нивната состојба е животнозагрижувачка.

-Тогаш итно ќе бидат транспортирани со возила на Брза Помош, рече Спасовски,

Премиерот додаде и дека е зголемена контролата на границите при влез на лица од ризичните земји.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.