Спасовски: СДСМ е победник на претстојните локални избори, имаме најдобра понуда за секоја општина

Сите анализи, анкети, резултати на истражувањата на јавното мислење покажуваат дека СДСМ со својата коалиција е фаворит на овие локални избори и тоа секој еден може да го виде во тие истражувања, , истакна потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски во емисијата „Жешко политичко лето“ на Канал 5 телевизија.

-Апсолутно очекувам дека со најдобрата понуда која што ја имаме и во делот  на кандидати, советнички листи и програмата, како и коалициониот потенцијал кој што го има коалицијата предводена од СДСМ, сето тоа укажува на победа на претстојните локални избори, нагласи Спасовски.

Тој додаде дека партијата многу внимателно се подготвува за секоја општина, одделно, во смисла избор на кандидати, избори на кандидати за советници, добра програма која што ќе одговори на сите предизвици кои што ги имаме.