Спасовски со оправдувања за изборите, решенијата во МВР, партиските вработувања и статусите на Петровска

Во врска со прашањето за изборите и денешните изјави на Заев во коишто власта се закани дека ако не се донесе законот за ЈО, избори нема да се распишат, подоцна претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека ако требало сам ќе поднесе за распишување на изборите, Спасовски на „Топ Тема“ вечерва истакна дека „очекувал“ да има избори, но не тврдел, требало да се има затворање на главните прашања.

Тој вели дека има право Џафери и како претседателот на Собрание и како пратеник, да поднесе одлука за распишување на изборите.

Иако со денешниот потег Спасовски и Заев го докажуваат можеби спротивното, донесување на закон за кој имаше многу забелешки на јавните дискуии во Собранието, сега со уценувачка порака дооколку истиот не се денесе не е сигурно дали ќе се распишеле изборите.

СДСМ како да бега од изборите и овие изјави на техничкиот премиер повеќе изгледаат на оправдувања за да се одложат престојните избори.

Во однос на вработувањата, тој истакна дека дури 60.000 вработувања направила Владата на СДСМ во овие неколку години и тоа најголемиот дел од нив биле во приватниот сектор, иако впечатокот е дека најголем дел од нив се сепак во државниот сектор.

Наспроти обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ која излезе со податокот дека само во последните месеци има 6.000 вработувања во државната администрација и наспроти Антикорупциската комисија која порача дека оставаат простор за сомнеж за предизборен поткуп.

Во однос на потпишаните решенија во МВР за вработување и распоредување на полициските службеници, Спасовски рече дека биле законски и дека било нужно да се распоредат, и призна дека потпишал 1790 решенија и тоа се должело на промена на систематизацијата. Не одговори на прашањата на новинарите дека е индикативно за два дена пред заминување од функција да се потпишат толкав број на решенија.

Спасовски во однос на статусот/ соопштение на дополнителната заменик министерка Славјанка Петровска за МВР во однос на приведување на администраторите на „Јавна соба“, по обвинувањата дека не е соодветно заменик министер да објавува нешто во надлежност на Бирото за безбедност, ја оправда Петровска. Рече дека тој статус бил став и бил нормален иако со тоа можеби се доведува во прашање објавување на податоци на Бирото за јавна безбедност.