Спасовски: Спроведувањето на Законот за јазиците е на добар пат

Техничкиот премиер Оливер Спасовски ги „утеши“ граѓаните, особено Македонците. Воедно, чуварот на Заевиот трoн, како што го нарекуваат во јавноста, застана целосно контра Венецијанската комисија која даде лоши оценки за овој преседан во светското законодавство.

„Спроведувањето на Законот на јазиците е на добар пат“, изјави Спасовски.

Оливер Спасовски, една година откако стапи во сила Законот за спроведување на јазиците, популарно наречен Закон за двојазичност, кој владата на СДСМ предводена од неговиот претходник Заев го протна со европско знаменце, сега смета дека неговото спроведување било на добар пат. Усвојувањето на законот, Спасовски го сметал за храбар чекор кон решавање на проблемите од минатото.

За потсетување, Венецијанската комисија, најеминентното европско тело на ова поле, даде катастрофална оценка за овој контроверзен закон. Прашањето кое се поставува, велат познавачите на состојбите, е дали со непочитувањето на мислењето на Европјаните, кон кои и чија „демократија“ СДСМ декларативно се стреми, партијата на Заев всушност, целосно се демистифицира и покажува колку е неевропска и е домашно-пазарно ориентирана, се’ со и само со цел да остане на