Спасовски: Судиите ослободуваат криминалци

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски обвини во петоко дека „одредени поединци“ во судството и обвинителството поради „лични партиски и бизнис интереси“ не ги гонат криминалците за кои полицијата претходно спровела целосна истрага и постапка.

„Имаме случаи кога интензивно ќе работиме на сузбивање на одредена криминална група, при тоа ќе се завршат сите постапки, ќе се приведат овие лица и на крајот некој во судот ќе одлучи, заради не знам кои причини, да бидат пуштени без притвор. Овде не говорам за криминалци од помал обем туку за транснационални криминалци, криминалци како дел од владејачките структури кои биле во Македонија или се и сега, криминалци кои имаат јаки бизнис врски и меѓународни врски и кои можат сериозно да го нарушат водењето на таквите истраги“

Според оцената на Спасовски, за таа се намали ваквата појава потребно е да се спроведе ветинг во споменатите институции на следејќи го патот на парите. Додаде дека борбата против организираниот криминал е успешна само ако во неа е вклучена финансиска истрага. За таа цел веќе се формирани специјални единици за финансиски истраги кои треба да започнат со работа откако ќе се доекипираат и поминат одредена обука.

„Основна цел на оваа единица ќе биде превенцијата затоа што на секој криминалец ако му го секнеш изворот на парите тогаш тој не може да продолжи со криминал“, рече спасовски.

За случајот со Камчев, од судот претходно образложија дека му го вратиле пасошот поради службени патувања како член на управен одбор, на негово барање. Но, одлуката ја донеле откако од СЈО, кое го гони во „Империја“, случај за финансиски криминал, дале позитивно мислење за Камчев да ја добие назад патната исправа.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.