Спасовски: Тоа што Онишченко е на „црната листа“ на САД, не значи дека е криминалец

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вели дека не постои потерница за украинскиот бизнисмен Олександр Онишченко, како и дека добил четири позитивни мислења. „Тоа што Онишченко е на црната листа на САД, не мора да значи дека станува збор за криминалец“, кажа Спасовски.

„Владата има дискреционо право да одлучи за доделување на државјанство за национален, економски, културен, спортски или научен интерес, но одлуката се носи по позитивни мислења од засегнати институции. Онишченко има четири позитивни мислења, и тоа од Коњаничка федерација, Македонски олимписки комитет, Агенција за млади и спорт и Агенција за национална безбедност”, кажа Спасовски во 24 Анализа.

Спасовски исто така кажа дека за Онишченко не била распишана потерница.