Спасовски за предлогот на ДУИ: Уцени не се прифатливи

Техничкиот премиер Оливер Спасовски на вечерашната дебата на Телма за предлогот на ДУИ за кандидат премиер рече дека одлучуваат граѓаните, дека е доста со национализми, како и дека уцени не се прифатливи.

– Концептот Македонија – Едно општество за сите, нема алтернатива. Доста е со национализми и со делби. Никој не смее да уценува. Владата се прави врз основа на принципи и програми. Нема концепт за размена на пратеници, ова беше синтагма колку ВМРО-ДПМНЕ ќе загуби на изборите. Никој не може да забележи на СДСМ за еднаквиот третман кон сите. Треба да дојде квалитетот до израз и одлуката на граѓаните и врз основа на тоа ќе седнеме да разговараме за составот на новата Влада. Но, за нас уцена не е прифатлива – одговори Спасовски во дебатата на ТВ Телма.