Специјалната известувачка на ЕП за Косово бара да не се урива косовската Влада

23

Германската пратеничка и специјална известувачка на Европскиот парламент за Косово, Виола фон Крамон повторно побара од Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) на Иса Мустафа да не ја урива Владата.

Коментирајќи го синоќешниот протест на граѓаните, кои правејќи бучава од прозорците и балконите, го изразија својот револт против однесувањето на политичките лидери, таа изрази надеж дека нема да дојде до гласање недоверба на владата на актуелниот премиер Албин Курти.

„Многу добро: луѓето на креативен и цивилизиран начин покажаа вознемиреност поради она што го нареков државен удар на Косово. Се надевам дека ЛДК тоа ќе го разбере“, напиша Крамон на својот Твитер налог.

Синоќешниот протест беше организиран на Фејсбук, од каде беше упатен повика граѓаните со тенџериња, тави, лажици да направат бучава и на тој начин да го искажат незадоволството од политичките партии и да побараат единство во услови на епидемијата на коронавирусот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.