Специјални контејнери за органски отпад за празникот „Курбан Бајрам“

Во скопските општини каде што масовно ќе се празнува верскиот празник Курбан Бајрам, ЈП Комунална Хигиена ќе постави посебни контејнери, кои ќе бидат наманети за органскиот отпад. Ова е со цел да не дојде граѓаните да ги фрлаат остатоците од животните по улици, во обичните контејнери и во реките.

„Во период на пандемија од Ковид-19, неконтролираното одлагање органски отпад може да доведе до низа штетни последици врз нашата животна околина и здравјето на граѓаните. Минатата година поставивме специјални садови каде што верниците го исфрлаа својот органски отпад за време на празнувањето на празникот Курбан Бајрам и бевме многу задоволни од резултатите на оваа акција, затоа што придонесе значително да се намали одлагањето органски отпад на јавни површини“ вели директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Абдусамед Шабани.

Контејнери ќе се постават на 17 локации во општините Чаир, Бутел, Гази Баба, Шуто Оризари и Сарај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.