Специјалисти по нуклеарна медицина го пренесуваат своето искуство на 120 лекари специјалисти

Во организација на Министeрствотo за здравство и Проектната единица за имплементација на Позитронска Емисиона Томографија-ПЕТ Центар одржана е трета стручна работилница на тема: Вовед во примената на позитронската емисиона томографија во клиничката пракса на која се претставени големите можности за примената на овој метод во дијагностички цели.

Пред 120 лекари, специјалисти од разични области, фармацевти и технолози, одржани се стручни предавања од областа на нуклеарната медицина, медицинска физика и радиофармацијата од еминентни професори и стручњаци од Институтот на патофизиологија, Медицинскиот факултет при Универзитетот Гоце Делчев Штип и специјалисти по нуклеарна медицина со долгогодшно практично искуство во примената на позитронската емисиона томографија од Холандија.

Работилницата е дел од подготвителните активности на Министерството за здравство за успешно функционирање на новиот ПЕТ Центар -Скопје каде оваа метода ке се применува во однос на запознавање медицинската јавност со дијагностичките можности и областите на примената на позитронската емисиона томографија во различни области во медицината.

Зеднички заклучок од работилницата е дека се чуствува голема потреба за одржување едукативни активности од овој тип кои во иднина се планираат да се организираат во вид на тематски семинари за подетално презентирањ на можностите на новиот метод на ниво на поодделни медицински специјалности. ПЕТ Центарот се очекува да биде готов до половината на 2015 година и во него се предвидени две ПЕТ/КТ камери и ќе работи едуциран кадар во познати центри надвор од земјата. Приемот на првите пациенти се планира кон втората половина на 2015 година.

Примена на оваа дијагностичка метода во Република Македонија ќе ја направи достапна на сите потенцијални корисници, кои имаат потреба од примена на оваа метода за брзо и навремено поставување правилна дијагноза, што е многу значајно за успехот на терапијата и за текот на лекувањето.