Спектакл

*внимание, абнормално предолго писание

Се изначитав, стручни и нестручни мислења, перодов, кои се обидуваа рационално да објаснат она што се случува. Колумни преполни со политичко, патриотски и  медицински и квази шамански ем филозовски постулати, валидни како камион со летни гуми заглавен во пола метро кал … шлајфува ли шлајфува и се повеќе тоне. Злобно уживам во инефриорноста на креативната мисла. Каков спектакуларен пад на човековиот дух и особено интелект.

Светот ќе умре бавно цвилеејќи, а не со торжествен тресок – Т.С.Елиот

Ништо не се случи преку ноќ ова што се случи и на сите пред очи ни се одвиваше ова што сега и допрва не чека. Со ниту една мисла, стручна или аматерска, просветлена или аналитичка ни приближно да може да направи проценска што не чека. Никој. Секако дека не мислам само кај нас (кај нас стручните аналитичари за Александар се појавија дури после 2000 години) така што акутната умствена инфериорност за овие случувања ќе ги читаме дури години подоцна. Дури и оние клични случаи кои вашиот заслепен бес ви го галат на дневна база ЈАС ПРВ ВИ РЕКОВ додека седи уцапан у кал со гумени чизми, потпран на лопата, корне на шталско ѓубре е попопуларен одошто било кој стручен кој сериозно овакви општествени поместувања му се работа. Малиот ум бара идиоти, за да се поистовети со нив, ги воздигнува високо за да се утеши себеси ЕТЕ, НЕ СУМ ГЛУП, О ОН ИСТО МИСЛИ,… и после иде со истатата маса да пали 5Г, бидеејќи 4 г го преспа, а кога се појави 3г појма немаше што е Г, како што и денес најголемите љубовџии ни на муабет не знаат каде е и точката Г. Жени, не се церекајте! J

Патот до пеколот  и лагата е асфалтиран со многу ленти, до рајот и вистината е трнлив и тежок – бирај!

Не постои олку голем светски заговор со олкава логистика за да се спроведе задкулисно. Ние имавме светски војни во која земји со трустови на мозоци им беа потребни години за да направат детална анализа и подготовка и одлуква за влегување во истата, додека им гореше под нозете. Светот беше неспремен за мобилизација од олкава магнитуда, не само кај нас. Кај нас би било изненадување да беше поинаку – потполна импровизација во делувањето како резултат на паника и немање никакво искуство во областа. Ни таа Кина која паѓате во ”неСвеС” не ги среди работите ни тогаш ни сеуште, со фрлени пари за одбранбени линии (медицински) колку што светот заедно сеуште не потроши и сепак нема унисон начин на делување. Ни СЗО ни САД, Русија, никој никој со никави ни најстроги методи на ригорозност  беа само импровизации бидеејќи не се знае како – без преседан е состојбата. Моја најголема грешка ем промашување е кога напишав дека тоталиратните системи подобро се снаоѓаат со кризава- неточно – они само подобро кријат  и лажат! Затоа нема љутиш и замерки за пустинските шатори наменти за Криволак поставени во Клинички, демек болнички. Мора да се импровизира, како и сите, така и ние. Импорвизации како јас во моите емисии кога глумам нешто дека знам, и си цепам цел прес (ко Филипче) за на крај – ЈАНКО БРАТЕ АЛАЛ ДА ТИ Е… шефе, не дај Боже ајвар да ти спремам, леб да чекаш од мене,  ќе умреш од глад, но народот си сака да верува едно или друго. Реков, барал идиоти оти научник не го разбира, за да го разбере бара образование, а не јутјуб видеа.

Змијско Јајце

Реакцијата на светот е базирана врз една заборавена епидемија која искоси, покоси, и сострижа скоро на нуларица цела планета и тоа додека сеуште имаше Светска Војна – Шпанскиот Грип, кој ја обиколи планетата неколку пати. Од 1918 до 1920 три пати пандемија. Знаете која беше клучната грешка? Светот излезе од скривниците заради воојната и во она штуро време на комуникација и уште помала свест за хигиена Шпанскиот грип како нов вирус направи маскар. Таман помислија дека успеаја дека го победиле, едвај дочекаа да се соберат сите на една парада во знак на завршувањето на Првата Светска Војна во Филаделфија САД и 200 000 излегоа на општонародна прослава. За 72 часа, сите болници беа преплавени со болни, буквално, а имаа 31 болница. За само еден ден починаа преку 700 луѓе, за една недела 12 000. Само во Филаделфија! И така, си фати грипот уште еден замаец околу планетата. На крајот, се заразија преку 500 милиони луѓе, а умреа до скоро 50 милиони луѓе кога популацијата на земјата изнесуваше 1.800. 000 милиони. Колкаве процентот? Гуглајте сами,  јас сум глуп оти бабицата на плочки ме испуштила, па по скали до подрум сум се тркалал, затоа сум ваков.

Сето ова со години се подзаборави, а и кој би сакал да памети? Затоа кога почнаа сеќавањата кај епидемиолозите на што ова заличува а им е познато од часовите и предавањата, лобираа кај политичари кои ретко кој, поточно ниеден, нема учипено во себе збор пандемија, а камо ли знање-имање како да постапи иако и СЗО глуми дека имаат протоколи … Да, имаат, но тие се само тоа, на хартија, затоа што во доба на информатичко и ден денес иако се глуми умреженост и покриеност се уште сме во цивилзациски подрум…па малезоискиот авион сеуште не е пронајден!

Сеопшта паника – се сите реакции секаде – с е к а д е! Од Нордиските земји до сите лево и десно … сите кријат  или не знаат точно број на мртви. Сите се збунети кој од што умрел, како умрел и статстиката со која толку многу се чаламевме потфрли, а која е најглавна за вакви состојби. Така е кога зависи од човек, а човек кога е уплашен не делува рационално! Нема љутиш никому, драги мои! Никој не е виновен! Нема сеопшт непријател кој диригира или голема завера, но дека се злоупотребува ситуацијава од банки, коропорации, политички партии за профит – АПСОЛУТНО ДА! Секој сега ќе гледа како да зае*е другиот и да си спаси  кожата, парите, компанијата, влијанието. За ова фокусирајте енергија, а не за рамни земји столбови за мобилни! Тезата дека е ова смислено сценарио им оди токму нив, да поверувате колку се моќни и ним им одговараат чобани у гумени чизми да им зборат за разни тајни друштва, зрачења и заборавениот ХАРП кој сега се вика 5Г, елиени и рамни земји сосе сите де-будалаштини на куп, оти реков, народот не разбира стручно, разбира само прости факти и тоа оние на кои сака да им верува. Така што оние кои мислат дека се авангарда, пролетери на слободниот дух, во суштина работат во нивна корист, на оние кои ова го злоупотребуваат,  оти тоа е најдобриот начин да се прикаже, не само нашата,туку и белосветската неспособност за справување со ваква криза. Сите лажат и намерно и ненамерно за број на мртви од Кина и Веијетнам до Италија и Шведска, во ова треба да верувате. Оти средина нема, особено не кај оние кои тврдат дека нема болест и сево ова е лага и обичен грип. Сеедно, дурио и да е така,  немате избор,мора да слушате од жглап – 2000 евра, па сивулпле. Сигурно имало вакви тези и за време на Шанскиот Грип. Вистината не ја знаат ни они самите, а камо ли вие, затоа , надјругарски – земјате се со резерва, се, но апсолутно немаме избор освен да слушаме она што ни е наложено. Секако, ако мислите спротивно – и имате вишок пари – повелете, дигајте револуција, но за револуција треба точно да се знае против кого! Најточни и поточни од вас би биле сега само анархистите, ама тоа е друг муабет.

И на крај, гледајте да извадите нешто добро од сево ова, откако подуените стомаци и благоцирозирината јетра ќе ви се презаситат, има блага шанса од хипнозата да се будите и да почнат ретко употребуваните емпатички центри да се вклучуваат и да си поставите конечно човечко прашање – кој ви се најде во оваа ситуација, кој ви помогнаи најважното кому му помогнавте?

Има една приказна, вели вака …

Била студена зима, многу студена, а на патот, премрзнато пиле умирало од студ. Поминала една крава, го посрала и затрупала со лепешка. Пилето си помислило: “кутро јас, во последните мигови уште оваа гнасотија да ми се случи” …. Но лепешката била топла, претопла и пилето полека почнало да живнува,. Пресреќно што останало живо, почнало да пее од радост. Го слушала една мачка и, со шепата го извадила од лепешката и го изела.

Наревучение – не секој што ќе те посере ти е непријател, ниту секој кој ќе те извади од гомна непријател

(ако некој доволно лудо посветен на моиве тиради и ја прочитал оваа безобразно долга, нека ми пише, ќе добие податок од каде е овој цитат)

Автор: Јанко Илковски за НетПрес