Австралија ја дочека Новата година , која прва пристигна на островите во Тихиот Океан, на Карибати , Самоа и Фиџи. Австралијанците овој дочек ќе го паметат и по силните дождови и невремето , кое ја зафати земјата на неколку часа пред дочекот на 2019.
Во Сиднеј над 1,5 милион луѓе на бреговите од пристаништетот го следеа традиционалниот спектакуларниот огномет. Организаторите објавија дека ова била најголемата прослава досега и оти 12-те минути огномет чинел шест милиони австралиски долари.
Во прашање било доведено дури и организирањето спектакуларниот огномет во Сиднеј, кој бил зафатен од силно невреме со молњи и грмотевици.