Спектакуларна експлозија во Полска за неутрализирање бомба долга шест метри и тешка 5,4 тони

Дводневната операција за неутрализирање на британската сеизмичка бомба од Втората светска воја заврши со спектакуларна експлозија, јавуваат полските медиуми, пренесува РТС.

Бомбата е неутрализирана и повеќе не претставува опасност за пловилата. Нуркачите биле надвор од опасната зона – изјавил за полските медиуми портпаролот на морнарицата Грегорж Левандовски.

Џиновската сеизмичка бомба долга е шест метри и тежи 5,4 тони, од кои половина отпаѓа на експлозивот. Исфрлена е од британскиот бомбардер „Ланкестер“ во текот на акцијата против германскиот воен брод „Луков“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.