Спектакуларната претстава „Турандот“ в петок во МОБ

Во Македонската опера и балет, в петок со почеток во 20 часот, ќе биде изведена спектакуларната претстава „Турандот“ на Џакомо Пучини.

Премиерата на „Турандот“ на сцената МОБ се одржа на деветти мај 2002-ра година, на отворањето на Мајските оперски вечери, а насловната улога на принцезата Турандот, ја толкуваше примадоната од Белград, Радмила Бакочевиќ.

Претставата е веќе 12 години  редовно на репертоарот на МОБ и е една од најомилените кај публиката. Во петочната претстава ќе настапат: Првенката, Весна Ѓиновска- Илкова, во насловната улога, во улогата на Калаф, кој ја интерпретира прославената арија NESUN DORMA, за ПРВ ПАТ ќе настапи тенорот, Ѓорѓи Цуцковски, Лиу: Сандра Митровска, Тимур: Игор Дурловски, Пинг: Нико Исаков (Бугарија), Панг: Дарко Нешовски, Понг: Дејан Стоев, Мандарин: Диме Петров, Алтоум: Марјан Николовски, Принцот од Персија: Мирослав Митрашиновиќ, Џелат: Јан Кисилев, 

Диригент е Саша Николовски-Ѓумар.