„Спиеш ли мирно Златко Марин“: Аеродром стана светски рекордер во загаденост

Жителите на скопската општина Аеродром се гушат од загадениот воздух, особено во тамошната населба Лисиче, каде што нивото на ПМ10 ноќта кон саботата изнесуваше високи 643 милиграми на метар кубен.

По повод загаденоста реагираше и фан страната на „Аеродром во моето срце“, која го прашува градоначалникот Марин дали мирно спие?

Ситуацијата е слична и во Тетово и Битола. И додека граѓаните се гушат во канцерогениот воздух, актуелната власт која 10 години ја обвинуваше претходната власт околу воздухот со цел да придобие политички поени, сега истите тие се кријат од одговорност и никаде ги нема.

Илјадници луѓе секојдневно се трујат поради неспособноста на властите да се справат со проблемот со загадениот воздух.

Човечки животи се губат поради неспособноста на властите да се справат со загадениот воздух. ПМ 10 честитичките се најсериозниот убиец на здравјето на граѓаните.