Шпиони од Бугарија неовластено снимале пред Собрание?!

Во текот на вчерашниот ден биле уапсени двајца Бугари како „неовластено снимаат“ пред македонското Собрание. Според информацијата тие фотографирале странска делегација како влегува во институцијата.

Како што стои во билтенот на МВР, вчера околу 10.30 часот во Скопје, пред Собрание на Република Македонија, од слобода биле лишени Т.Т.Ц.(52) и Т.П.Б.(45), двајцата од Република Бугарија, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено снимање“, односно дека неовластено фотографирале странска делегација која влегувала во Собранието.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.